ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да истражи колку Заев ги платил изборните гласови купени од командант на УЧК

Од:

„Јавното обвинителство мора да истражи која била цената и колку Заев ги платил изборните гласови купени од командант на УЧК. Јасно е дека командантот Баци не му помагал со изборни гласови на Зоран Заев заради убавина или уметнички впечаток.

Или се тргувало со пари или се тргувало со највисоките национални интереси. Одговорот треба да го дадат истражните органи доколку успеат да се ослободат од сервилноста на Јовевски и Русковска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалите на Зоран Заев и СДСМ немаат крај. Целата македонска јавност го гледа вистинското лице на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Според последните сознанија на италијанскиот медиум „Ла Верита“ Зоран Заев од поранешен командант на УЧК купил 5 илјади гласови. Според „Ла Верита“, договорот е направен благодарение на Захир Бекири Чауш, кој имал директна комуникација со шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници. Чауш своето влијание го губи во 2016 година кога при претрес полицијата кај него дома наоѓа околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши, лични карти, но и оружје.

Правдата е бавна, но никој не побегнал од нејзе, па така нема ниту Зоран Заев да побегне. Одговорност за криминалите на Заев и СДСМ мора да има. Ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот како и оние кои што наместо да го гонат се ставиле во одбрана на истиот!

Граѓаните на 12-ти април ќе му пресудат на Зоран Заев и ќе му порачат никогаш повеќе“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче