Илјадници Палестинци протестираат денеска во градот Газа пред објавувањето на мировниот план на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за кој се очекува да биде во корист на Израел.
Демонстрантите палеле фотографии на Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и истакнале транспарент со порака „Палестина не е на продажба“.
Високиот претставник на Хамас, Калил ал Хаја изјави дека движењето и „сите фракции“ ќе се придружат на состанокот, кој е планиран за денеска откако Трамп ќе го објави планот.
Палестинското сунитско исламистичко движење Хамас, кое во својата повелба повикува на уништување на Израел, во 2007 година ја презеде контролата врз Појасот Газа од силите лојални на умереното движење Фатах.