ВИДЕО: За две години МВР потрошило над 4 милиони евра за тужби од вработени, решенија се делеле и во 12 навечер

Од:

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за неисплатени прекувремени часови незаконски прераспределувања, извести денес техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. За да ја надмине праксата вработените да го тужат МВР, министерот Чулев вели дека формирал комисија која ги разгледала издадените решенија од почетокот на декември наваму и најави дека на оштетени ќе им бидат дадени решенија за вработување на соодветни места.

„Еден месец пред заминување Оливер Спасовски издал огромен број решенија за унапредувања, но и за распределувања на пониски работни места без да се водат дисциплински постапки за тоа. Од почетокот на декември 2019 година до 25 месецот биле издадени 21050 решенија. За само седум работни дена се издадени 1198 решенија. Се делеле решенија и во дванаесет навечер на трети јануари. Само за споредба, во декември претходната година биле поделени само 194 решенија. Комисијата во која членуваат и претставници од репрезентативниот и од независниот полициски синдикат ги разгледа решенијата што биле поделени од 1 декември до 1 јануари. Разгледани се вкупно 1750 решенија издадени во овој период. Незаконски издадени  е 100 од нив. Голем број решенија биле издадени додека работниците биле на боледување, на платен или на неплатен одмор“, рече министерот Чулев.

Како втор спорен момент, откако ја презел функцијата, министерот Чулев го наведе незаконското користење на наредбите за времено извршување  работни задачи кои место само за еден месец се издавале и по повеќе од една година.

„Додека едните работат со наредба на други работни места, нивните испразнети места биле пополнети со нови луѓе па така на едно работно место се појавуваат по двајца. Вработените за ова се пожалиле и кај Народниот правобранител, кој ни укажа дека се утврдени злоупотреби“, рече министерот Чулев.

Третиот спорен момент е со неиздавање нови решенија на вработените во поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање. По формирањето на Агенцијата за национална безбедност, дел од вработените кои не биле преземени таму, не биле ниту прераспределени на нови работни места во министерството туку пет месеци земале плата како да се сè уште вработени во УБК.

„Пет месеци примале плата како вработени во непостоечки субјект. Јас таква плата не потпишувам. Изготвени се решенија за нивно распределување во МВР“, рече министерот Чулев.

Тој нагласи дека со издадените решенија илјадници професионални биле деградирани и најави дека откако ја презел функцијата гарантира ист третман за сите, без притисоци оти единствени што требале да чувствуваат притисоци според него се оние кои го кршат законот.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он