Романски комедии во Кинотека

Од:

Од 28 март до 2 април Кинотеката на Македонија ќе прикажува циклус современи романски филмови од жанрот комедија. Ќе почне задутревечер со филмот „Изгубена во транзиција“ по сценарио и режија на Кристина Ничитус, снимен во 2011 година.

Во наредните денови ќе бидат прикажани уште пет филма: „Приказни од златните времиња“ романско-француска копродукција од 2009-та на петмина режисери, „Здраво! Како си?“ на режисерот Александру Мафтеу (2011), „Полжави и луѓе“ на Тудор Џурџиу (2012), „Свадба во Бесарабија“, романско-молдавско-луксембуршка копродукција од минатата година во режија на Нап Тоадер (2010) и  комедијата „Мечка“ по сценарио и режија на Дан Чизу (2011), со која идниот вторник ќе заврши филмскиот циклус.

Во четврток него ќе го отвори Анка Митран, директорка на Романската кинотека, а на отворањето ќе присуствува и  романскиот филмолог Маријан Цуцуи. За оваа пригода тој подготови брошура „Новиот романски филм – помежу егзотиката и државните субвенции“, во која   пишува дека романската кинематографија во 1980-тите била на лош глас, но благодарение на нова генерација филмаџии што дебитирале  во 2001, меѓу 2004 и 2010 година успеала да добие 12 награди во Кан, Венеција и Берлин.

– Во последниве години сите филмски фестивали настојуваат во својата програма да вклучат и романски филмови, особено филмови на помладите романски режисери кои припаѓаат на т.н. романски нов бран, пишува во освртот на филмологот од Романија.

Кинотеката информира дека филмскиот циклус ќе биде прикажан и во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ