ВМРО-ДПМНЕ: Институциите не преземаат ништо, бидејќи се под притисок на рекетарската власт

Од:

„Зоран Заев во Македонија донесе режим и корупција. Според листата на „Транспаренси Интернешнл“, Република Македонија се најде на 106-тото место. Македонија е во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска.

Зоран Заев и Оливер Спасовски го штитат криминалот. Власта предводена од Зоран Заев ја закопа Македонија со фрапантен пад од 13 места според Индексот на корупција, со што само се потврдува фактот дека проблемот со криминалот, корупцијата и рекетирањето ескалира.

Институциите замижуваат и не преземаат ништо, бидејќи се под огромен притисок на рекетарската власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„За тоа е доказ и скандалот кој што го обелодени заменик министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски.

Според доказите раководителот на подрачната единица во Свети Николе, Дејан Гичев на име на својата сопруга си има доделено земјоделско земјиште. Исто така и на сопругата на градоначалникот на општина Лозово има доделено земјоделско земјиште во атарот на Свети Николе.

Во овие два договори и по двете укажувања до министерството за неплатена закупнина на истите им е дадена само фактура за да платат камата по основ на неплатена закупнина додека на сите останати земјоделци во Македонија кои што имаа еден ден задоцнување министерот Трајан Димковски се фалеше по медиумите дека им го има раскинато договорот.

Ова е еден од низата примери како кадрите на СДСМ се привилегирани во делот на законите кои што треба да бидат важечки за сите.

Република Македонија мора да застане на нозе и мора да се справи со корупцијата. Тоа ќе се случи по 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт. Тогаш сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат пред лицето на правдата, ќе се стави еднаш за секогаш крај на криминалиите на СДСМ. Зоран Заев и СДСМ никогаш веќе!“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски