Ситуацијата во Црна Гора кулминира. Повикот на таканаречените црногорски патриоти да се „одбрани Црна Гора од душманите“ веќе се спроведува на дело.
Десетина Црногорци бркаат едно момче и го тепаат само поради тоа што кренал три прсти, односно се идентификувал со српската тробојка која масовна се поставува деновиве низ цела Црна Гора.
По усвојувањето на законот за верските слободи, со кој државата станува сопственик на срковниот имот во Црна Гора, односно на имотот на СПЦ, илјадници демонстранти и верници се постојано на улиците на Црна Гора.