А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Термо-камера и на аеродромот во Скопје

by А1он27/01/2020 - 18:5628/01/2020 - 08:391560
Share0

Термо-камера функционира и на скопскиот аеродром, како и на другите аеродроми во регионот, за да регистрира дали некои патници кои долетуваат од Дубаи или Истанбул – места кои имаат директна транзитна поврзаност со областа во Кина, имаат висока температура и други симтоми на коронавирусот.

Добивај вести на вибер

Први кои беа скенирани се дел од патниците во авионот од Дубаи. Лекари од Центарот за јавно здравје Скопје се наоѓаат на аеродромот каде ќе им прават преглед на пациенти кај кои ќе се детектираат симптоми.

Ако се покаже сомнение на повисока температура ќе имаат посебен третман, односно екипа од аеродромот ќе ги интервјуира во заштитна облека, дали доаѓаат од Вухан или околината и доколку се покаже дека имаат било каква симптоматологија ќе бидат тргнати во изолација.

Тие што немаат симпоматологија ќе бидат упатени дома, но ќе им биде даден телефонски број и доколку има какво било зголемување на симптоматолигјата со респираторно заболување ќе се јават.

Кога доаѓаат патниците доколку се во период на инкубација можно е да не покажат зголемена температура, а да бидат носители на вирусот.

Ова е само еден дел од превентивните мерки што не значи дека и тука ако не регистрираме зголемена температура дека можеби нема патник кој е носител на коронавирусот. Зголемена темперуата може да се има не само од корона вирус може да се има и од грип, сега е сезона на грип и други респираторни инфекции.

Пациентот детално се испитува се зема епидемиолошка анамнеза се носи во соба за изолација доколку се смета дека постојат какви било сомневања дека можно е да има инфекција со корона вирус, се вика амбулатно возило и се проследува до Инфективната клиника, изјави доктор Марија Гочевска од Центарот за јавно здравје Скопје.

Според последните податоци, во кинескиот град Вухан се регистрирани 2.800 заразени од коронавирусот, а 81 досега се починати, додека 300 се во критична состојба. Во Пекинг попладнево е регистриран првиот смртен случај од коронавирусот.

Не се регистрирани жртви надвор од Кина. Најмалку 40 заразени од вирусот има во повеќе други држави.

koronavirus

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он02/02/2022 - 18:45

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он25/01/2022 - 16:30

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он01/12/2021 - 17:08

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска01/12/2021 - 13:2501/12/2021 - 20:49

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска08/11/2021 - 13:4608/11/2021 - 14:48

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска17/10/2021 - 10:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен