Хашим Тачи: Српскиот режим на Косово и БиХ го започна етничкото чистење и го изврши „балканскиот Холокауст“

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи објави на Фејсбук порака по повод Денот на сеќавањето на жртвите од Холокаустот и со тоа напиша како српскиот режим на Косово и БиХ го започнал етничкото чистење и го извршил „балканскиот Холокауст“.

Директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Ѓуриќ му одговори „Срам да ви е “.

Тачи на својот Фејсбук напиша дека Косово денес одава чест на жртвите на Холокаустот, геноцидот и монструозниот злочин кој го застраши целиот свет.

„По втората светска војна, се мислеше дека патењето на милионите убиени луѓе во Холокаустот ќе се претвори во неповторливо злосторство за човештвото. Но идејата и напорите за истребување на луѓето и етничките групи продолжи од страна на српскиот режим во Босна и Херцеговина и на Косово. Масакрите и етничките чистења се налик на оние од Втората светска војна. И за жал, Србија и денес ги негира тие злосторства кои создадоа балкански холокауст во овој дел на Европа“, напиша косовскиот претседател на Фејсбук.

По изјавата на Тачи, реагираше директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

„Хашим Тачи, да имаше човечност и дипломатски такт, не би се обидувал на евтин и неумешен начин да го злоупотребува Холокаустот и страдањето на еврејскиот народ, кое не може да се спореди со ништо друго, па ни со страдањето во судирите во поранешна Југославија“, истакна Ѓуриќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда