Доделувањето на Оскарите следната година ќе биде одржано на 2 март, односно една недела подоцна од вообичаено, затоа што во исто време се одржува зимската Олимпијада, соопштија организаторите.
Американската филмска академија најави дека свеченото доделување на Оскарите 2015. ќе биде како и обично, на 22 февруари, како и дека обете церемонии ќе бидат емитувани во живо од Долби театарот во Холивуд.
Номинациите за 86.доделување на Оскарите ќе бидат објавени на 16 јануари 2014 година.
Зимските олимписки игри во Сочи ќе траат од 7 до 23 февруари, што натера неколку големи холивудски свечености, како доделувањето на наградата на Здружението на глумците и Златниот глобус, да го поместат датумот за да се избегне совпаѓање со преносот на натпреварувањата.