Компанијата „Ел-Џи“ експериментира со смартвоч технологија и планира на пазарот да претстави „смарт“ часовник.
„Кореа Тајмс“ наведува дека „Ел-Џи“ работи на преносни уреди кои ќе имаат или Андроид или Мозила оперативен систем, а ќе може да се синхронизираат со мобилен телефон.
Компанијата забрзано работи и на очила кои ќе бидат конкуренција на „Гугл Гласес“.
Според проценките глобалната индустрија на часовници вреди околу 60 милијарди долари. Неколку компании се обидуваат да произведат часовници кои ќе имаат и други функции освен покажување точно време, како што се читање електронска пошта и користење апликации.
„Епл“ веќе има формирано тим од 100 дизајнери кои работат на смарт часовник, а случни најави има и од „Сони“ и „Најк“.
„Самсунг“ и „Гугл“, исто така, работат на смарт часовници и двата ќе имата Андроид оперативен систем.