(ВИДЕО) Томовски: Власта на СДСМ пред заминување прави криминал од 2 милиони евра за набавка на оброци за вработените во ЕЛЕМ

Од:

„Власта во заминување е на пат да даде 2 милионски бонбона бизнис на фирма блиска до власта.

СДСМ распишува милионски тендер за набавка на оброци за вработените во РЕК Битола и РЕК Осломеј, работа која до сега ја вршеше ЕЛЕМ Турс, фирма ќерка на АД ЕЛЕМ, по цена од 3 евра по оброк.

Доколку се земе како основна сегашната цена од 3 евра по оброк, доаѓаме до сума високи од 5.400 евра на ден, или 162.000 евра на месечно ниво, односно 1.944.000 евра на годишно ниво. Тоа се 2 милиони евра кои наместо во државната каса ќе заминат на сметка на некоја фирма блиска до СДСМ“, рече Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Досега оброкот го опслжуваше ЕЛЕМ Турс, само со една единствена цел да се обезбеди квалитетен и ефтин оброк за вработените во рудниците и термоелектраните на АД ЕЛЕМ, а воедно и обезбедвање плата за вработените во ЕЛЕМ ТУРС.

Сега овој бизнис ќе замине во приватни фирма блиска до актуелната власт!

Со приватизацијата на производството на оброци се одзема еден приход од кој вработените во ЕЛЕМ Турс вадат плати и е само чекор кон затворање на ова претпријатие и оставање на 200 вработени на улица, тоа се 200 фамилии без леб.

Дали приватизацијата на делот со оброците е со цел затворање на ЕЛЕМ Турс и понатамошно раскрчмување на неговиот имот, како скијачкиот центар Попова Шапка, Авто кампот Ливадишта и објектот во Мавровo Анови!?

Дали преку ЕЛЕМ Турс се спрема новиот бонбона бизнис на власта во заминување и кој треба да се офајди!?

Дали фирмата која треба да го добие тендерот е под директен налог на Васко Ковачески?!

Дали таа иста фирма е во сопственост на актуелен советник од СДСМ во Битола?

Дали имаме уште еден криминал во најава!?

Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. Заев никогаш повеќе!“, изјави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски