Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјави дека седмата рунда од преговорите во Брисел, со премиерот на Србија, Ивица Далиќ била маратонска, но дека тој се стремел за договор и дека ставовите на Косово и САД се идентични.
На седницата на владата на Косово, Тачи оцени дека ставовите на Косово се јасни и дека имаат голема почит кон Уставот, законот за локалната самоуправа, планот на Мартиј Ахтисариј, а најмногу кон стандардите на ЕУ.
-Беше тоа добра можност да одиме напред кон постигнување на договор, со кој ќе се надмине вековната конфронтација помеѓу Косово и Србија и ќе дојдеме до фаза на добрососедски односи и соработка. Се надевам дека таа можност не е изгубена и дека ќе се поправи на 2-ри април – изјави тој.
Тачи изјави дека нивните ставови во Брисел биле и се уште се во потполна согласност со ставовите на САД, ЕУ и НАТО. Тој додаде дека доколку се постигне договор, одговорноста ќе ја преземат институциите на Косово, Еулекс и НАТО.
-Затоа добив поддршка и од генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Рамусен –изјави тој.
Елена Георгиевска