(ВИДЕО) Филиче: Годинава започнува изградбата на новиот Клинички центар во Ѓорче Петров

Од:

Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче, денеска на трибината Агенда здравство 20-24 ги соопшти главните постулати на кои ќе се темели програмата на СДСМ за развој на здравствениот систем во период 2020 – 2024 година.

Меѓу нив е и почеток на изградба на новиот клинички центар во Ѓорче Петров со целосно нова модерна зграда, интегриран тип на здравствени услуги како што заслужуваат граѓаните, рече Филипче и најави до крајот на мандатот сите болници и здравствени домови да станат енергетски ефикасни.

„Ќе ги реновираме најстарите одделенија во болниците. Во 2020 година набавка на 70 нови возила за итна медицинска помош и редовно обновување на возниот парк секоја година до крајот на мандатот, воспоставување на патронажна служба во сите региони низ државата, зајакнување на капацитетите на јавното здравство преку функционлно поврзување на сите нивоа на здравствена заштита (примарна, секундарна и терциерна). Секоја година зголемување до 10 % на платите на здравствените работници“, додаде Филипче.

Тој најави платен работен стаж за секој нов млад лекар и додаде дека ќе се разгледа опцијата на сите лекари на специјализација, кои го немаат решено стамбеното прашање, да им се додели субвенција од 12 000 денари месечно.

На трибината министерот за здравство, најави и стратешки договор со Универзитетската болница од Франкфурт за едукација на млади лекари и сестри по принцип на ротација, како и формирање на центар за медицински истражувања.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност