(ВИДЕО) Николовска: Скандалот со хипер инфлација на лиценци за одгледување канабис зема се поголеми размери

Од:

„Скандалот со хипер инфлација на лиценци за одгледување канабис зема се поголеми размери.

Денеска ќе откриеме уште една компанија која земала лиценца од Заеви, а чиј сопственик е познат финансиер на СДСМ.

Фирмата МАР МЕДИКА ДОО од Куманово е уште една компанија која Владата на Заеви им доделила лиценца за одгледување на канабис, а каде што е еден од управителите е лицето Бобан Спасовски од Куманово.

Бобан Спасовски инаку е сопственикот на ДЕЛУКС АУТО, фирма добро позната по донациите во СДСМ и по тендерите за набавка на автомобили со кои ги има монополизирано сите државни институции“, рече Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да дообјасниме, во фирмата МАР МЕДИКА ДОО која добила лиценца од Владата на Заеви сопственици се два правни субјекти, од кои едниот е компанијата УПМ ГРУП Куманово, чиј сопственик е ДЕЛУКС АУТО од Куманово, а сопственик на ДЕЛУКС АУТО е Бобан Спасовски.

Бобан Спасовски и ДЕЛУКС АУТО се донатори во партијата на Заев, додека пак мора да напоменеме дека само во последнава година има земено 30-тина тендери од државата за набавка на автомобили.

Дали СДСМ ги враќа долговите кон своите донатори со издавање лиценци за одгледување канабис или пак ги задолжува за наредните избори и кој е критериумот по кој токму финансиер и близок до СДСМ добил лиценца од државата.

Финансиерите на СДСМ земаат лиценци за одгледување канабис.

Целата хипер инфлација на лиценци за одгледување канабис треба и мора да биде предмет на ревизија за тоа дали сите компании ги исполнуваат условите за доделување на лиценци.

Одговорност после 12-ти април мора да има.

Заев и СДСМ се виновни за она што се случува на државата.

Но она што е добро, е што никогаш повеќе нема да и се повторат на Македонија“, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче