Североисточните делови од САД осамнаа денеска под снежна покривка заради бурата Вирџил, која пред тоа ги погоди државите Колорадо и Канзас.
Во Вашингтон и регионот снежните врнежи предизвикаа затворање на училишта во неколку округа. Во дел од денот беше предизвикано отежнато движење на автомобилите, јавуваат американски медиуми.
Во саботата Вирџил донесе обилни врнежи од снег во Денвер, главен град на Клорадо, каде снежната покривка е 30 сантиметри. Во Канзас снежната покривка е 40 сантиметри. Бурата ги погоди и државите Мисури и Охајо. Заради стихијата, на аеродромот во Филаделфија имаше едночасовни задоцнувања на летовите.