Мицкоски оствари средба со претседателот на Европскиот Совет – Шарл Мишел

Од:

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на Европскиот Совет – Шарл Мишел.

На работниот појадок беше разговарано за европската перспектива на земјата и тоа што треба да се направи за Македонија да добие датум за преговори, но и да стане членка на ЕУ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека членството во ЕУ е највисоко во агендата на ВМРО-ДПМНЕ и како партија која ќе ја формира владата по 12 април ќе направи се за Македонија да биде ставена на брза трака кон интеграција во Унијата.

Наместо декларативни ветувања како до сега со СДСМ ќе имаме вистинско придвижување.

Мицкоски посочи и на безизлезноста со оваа власт, како држава СДСМ не има донесено на дното.

„Корупцијата, криминалот и рекетот цветаат и тоа го гледаме веќе и во извештаите на реномираните меѓународни институции како Транспаренси. Реалноста говори дека хибридниот режим на Заев ја носи земјава кон ќорсокак“.

Дополнително беше истакнато и дека судската власт е под стегите на Заев и власта и дека тоа го оневозможува нормалниот тек на правдата.

Заклучено е дека мора да има реформи, како на судско, административно, безбедносно, така и на секое друго ниво од значење на државата.

Заеднички беше констатирано дека е потребен напредок на Македонија кој ќе биде во корист на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава