Автомобил удри 10-годишно дете на „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Од:

Десетгодишно дете е тешко повредено синоќа во сообраќајна незгода што се случи на булевар „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во Скопје.

МВР соопшти дека синоќаво 21,15 часот е пријавено дека на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(32) од Скопје удрило во дете пешак на возраст од 10 години. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило детето, по што било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско