А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија предводена од Заев бележи фрапантен пад за 13 места според Индексот на корупција

by А1он25/01/2020 - 09:45119
Share0

„Странските инвеститори ќе ја заобиколуваат Македонија, младите ќе бегаат, а Европската Унија ќе остане само желба бидејќи криминалците од власта заглавија во корупција, а институциите се само извршители на хибридниот режим.

Следете a1on на Instagram Instagram

Заев ветуваше живот, а донесе режим и корупција во Република Македонија.

На листата на Транспаренси Интернешнал, Република Македонија се најде на 106-тото место. Македонија е во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска. Токму овој податок говори дека власта предводена од Зоран Заев и Оливер Спасовски штити криминал и тоне во корупција“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија предводена од Зоран Заев бележи фрапантен пад за 13 места според Индексот на корупција, со што само се потврдува фактот дека проблемот со криминалот, корупцијата и рекетирањето ескалира, а институциите молчат и не преземаат ништо. Тоа се случува бидејќи институциите се под огромен притисок на рекетарската власт.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во Македонија секојдневие стана кршењето на законите, селективната правда и узурпирањето на институциите.

Државата мора да застане на нозе, мора да се справи со корупцијата. Тоа ќе се случи по 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт. Тогаш ќе започне долгоочекуваната обнова на Република Македонија.

Сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат пред лицето на правдата, ќе се стави еднаш за секогаш крај на криминалните банди. Граѓаните заслужуваат да живеат мирен и квалитетен живот.

Поради ова на 12-ти април граѓаните ќе порачаат Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео