44-годишната Карла Бруни, доскоро првата дама на Франција, е повторно трудна. По породувањето, минатиот септември, Карла, пишува францускиот „Closer“, падна во постпородилна депресија.
Не долго потоа, следуваше и изборното разочарување поради лошите резултати на Никола Саркози.
„Пријателите, особено во последните недели, ја прашуваа зошто не може да ослабе по бременоста, а се испостави дека таа чека уште едно бебе“, наведува изворот за списанието „Closer“.
Никола Саркози и Карла Бруни заедно ја имаат ќерката Јулија.