Германија: Момче изврши масовно убиство во своето семејство

Од:

Шест лица се убиени, а неколку повредени во пукање во југозападна Германија, според извештаите. Полицијата соопшти дека осомничениот е уапсен по нападот во близина на железничката станица во градот Рот ам Зе во 12.45 часот.

Германската полиција соопшти дека 26-годишно момче од градот Рот ам Зе денеска попладне извршило убиство врз своите родители и уште четири членови на семејството со полуавтоматска пушка, а потоа повикал полиција и чекал да биде уапсен.

Во инцидентот повредени се две лица, од кое едното се наоѓа во животна опасност. Осомничениот им се заканувал и на две деца на возраст од 12 и 14 години, но тие не се повредени.

Уапсен е 26-годишен германски државјанин, кој ќе биде сослушан штом пристигне неговиот адвокат. Во куќата и зад неа се пронајдени шест тела, тројца мажи на возраст од 36, 65 и 69 години, како и три жени на возраст од 36, 56 и 62 години, изјави локалниот шеф на полицијата Рајнер Мелер, додавајќи дека две од жртвите се родители на напаѓачот.

Засега не е познат мотивот за нападот, но се претпоставува дека станува збор за семејни несогласувања. Напаѓачот бил член на стрелачки клуб.

Би можело да ве интересира

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он

Голема евакуација во Оснабрик, копајќи темели за нова зграда пронајдени се бомби од Втората светска војна

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Захарова: Одлуката на Германија е очигледна навреда