Камерите за препознавање на лица во живо ќе бидат распоредени низ Лондон, при што градската полиција соопшти денеска дека технологијата се движела низ пробна фаза и е подготвена трајно да се интегрира во секојдневното полициско работење.
Камерите ќе бидат поставени на локации популарни кај купувачите и туристите, како трговскиот центар на Стратфорд Вестфилд и Вест Енд, пренесува BBC News.
„Како современа полиција, верувам дека имаме обврска да ги користиме новите технологии како би ги направиле луѓето во Лондон посигурни“, рекол помошникот комесар Ник Епграв, во изјава за медиумите.
Застапниците за приватноста го опишаа распоредувањето на технологијата како напад врз граѓанските права и слободи. Употребата на ваквите камери ширум светот е критикувана од многу експерти за технологијата како и од застапниците за приватност, кои забележуваат дека ваквите системи честопати се расно пристрасни и се злоупотребени од полицијата па дури и од мултинационалните компании.