Шолц: Велика Британија ќе има дополнителни трошоци после Брегзит

Од:

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави денеска дека е уверен оти неговата земја нема да страда поради Брегзит, но дека Велика Британија неизбежно ќе има „последици“ по напуштањето на Европската унија.

На панел на Светскиот економски форум во Давос, Олаф Шолц рече дека финансискиот сектор на Велика Британија нема да биде толку важен за ЕУ по Брегзит како што е сега.

Велика Британија е подготвена да ја напушти ЕУ за една недела, но останува во рамките на единствениот пазар без царини и даноци во преодниот период до крајот на годината.

Шолц рече дека земја што не е во Унијата не може да ги има истите предности како земја-членка и дека тоа ќе биде важен фактор во претстојните трговски разговори меѓу ЕУ и Велика Британија, кога треба да се дефинира идниот однос на двете страни по разделбата.

– Тоа е нешто што ќе мора да биде избалансирано. Мислам дека ќе имаме решенија, но сигурно не може да има специјална конкурентна предност од тоа некој да е надвор (од ЕУ), рече Шолц.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија