(ВИДЕО) Локвенец: Со блокирањето на законот за одбрана, ВМРО ДПМНЕ го кочи членството во НАТО

Од:

ВМРО-ДПМНЕ да престанат со деструктивното однесување и ситно партиските политики и да дадат поддршка на законот за одбрана, кој е клучен за членството на земјава во НАТО, порача пратеникот Хари Локвенец, од собранискиот прес центар.

„Свесното блокирање на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, може да испровоцира ново вето во Грција и Македонија да ја врати децении назад. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со игрите на ситното политикантство, бидејќи нивното однесување е одамна прочитано од страна на граѓаните. Ги повикуваме да се свестат и дадат поддршка. Порачуваме дека нема да дозволиме напредокот да биде закочен. Мислам дека освен еден член кој се однесува на името на Армијата, се друго консензуално е договорено. Не гледам проблем законот да не биде донесен“, рече Локвенец.

Тој додаде доколку не ја добијат поддршката од опозицијата ќе обезбедат мнозинство од 80 пратеници со кои би се донел законот до крајот на мандатот на овој парламентарен состав.

Не одговори, конкретно дали за законот има поддршка од независната група на ВМРО ДПМНЕ, но рече дека очекува консензус по ова прашање, со кој ќе се овозможи полноправно членство во Алијансата.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он