На својот Фејсбук профил Шарл Леклер ја нагласи убавата вест:”Чест ми е да објавам дека ќе останам и во наредните 5 години во тимот на Ферари. Благодарен сум за поддршката и довербата во мене. Јас со нетрпение очекувам сезоната да почне. Научив многу во тимот и тоа е одлична можност да се изгради силна врска за наредните години. Ќе дадам апсолутно сè за да ја направам оваа врска многу успешна”.
Инаку,тимот на Ферари се засилува и со Артур Леклер, помладиот брат на пилотот Шарл Леклер.