Вклучете ги звучниците и засилете ги. Небото се отвори, земјата исчезнува под нашите стопала додека сите вулкани истовремено исфрлаат лава. „Ламборџини Венено“ звучи како да почнал смак на светот.
Во целата историја на автомобилизмот тешко е да се пронајде модел што изгледа позлокобно од хиперавтомобилот „Венено“ на „Ламборџини“.
Кога ќе ја видите сликата ќе бидете сигурни дека звукот на моторот и издувниот систем не се ништо помалку застрашувачки.
Овој модел на „Ламборџини“, со кој фабриката ќе одбележи половина век постоење, е наречен „Венено“, што на шпански значи „отров“.
„Венено“ под хаубата ќе го има познатиот 6.5-литарски атмосферски В12 мотор, што за потребите на овој единствен модел е засилен од 700 на 750 КС.
„Отров“ на асфалтот ќе се пренесува со седумстепен роботизиран мануелен менувач.
Максималната брзина ќе биде 355 километрти на час, забрзување од 0 до 100 килоемтри на час ќе се одвива за само 2,8 секунди.
Цената на овој автомобил изнесува околи три милиона евра и ќе постојат само три примерока. Не е изненадување дека сите веќе си нашле свои сопственици.
Оваа година претставени се уште два хиперавтомобила – „Ферари ЛаФерари“ и „МекЛарен П1“.