Лазаревски: Дрисла е класичен пример за катастрофалните инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Со депонијата Дрисла повторно ќе управува Градот Скопје што значи дека ние граѓаните повторно сме сопственици на градската депонија. По деветгодишно сомнително функционирање и неисполнување на договорот за инвестиции и модернизирање на депонијата од страна на италијанскиот концесионер, Градот Скопје низ законита, легална и правна процедура, преку судските институции ја врати Дрисла под свое владение.

Заклучно со 2019-та година концесионерот имаше обврска да инвестира 70 милиони евра во реконструкција и обнова на депонијата, како и во зголемувањето на нејзиниот капацитет. Но, наместо тоа, ние граѓаните останавме со истите купишта ѓубре и во страв за своето здравје од несоодветното третирање на отпадот“, рече Васко Лазаревски, советник во Советот на Град Скопје од СДСМ.

„Договорот за концесија потпишан од градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, предвидувал постројка за индустриски и медицински отпад, постројка на селекција на отпад, нова механизација и опрема за зголемување на продуктивноста, гасна централа и прочистителна станица за контрола на отпадните води, но италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ имала и обврска да изгради нова административна зграда и како крајна цел да произведува струја од ѓубрето. Но, ништо од ова не е направено, со што, само се потврдува какви инвеститори носел ВМРО ДПМНЕ во државата и како ја загрозувале животната средина и здравјето на луѓето. Прво избрале компанија во крајно сомнителен тендер, а потоа му дозволиле на концесионерот да ја води играта без да следат и да реагираат на фирмата од Италија која не исполувала ништо од договореното.

Однесувањето на италијанските концесионери е идентично како она на партијата на Христијан Мицковски, само се обврзуваат, ветуваат и на крајот ништо не испорачуваат, а при тоа најголеми жртви се граѓаните и нивното здравје. Овој пример е потврда за нестручното и аматерско однесување на функционерите на ВМРО ДПМНЕ. Ваквото нивно незнаење ни однесе во неповрат девет години, период во кој Дрисла требаше да прерасне во современа и технолошки опремена депонија.

Сега, прва обврска на Град Скопје е депонијата Дрисла да стане санитарна депонија со современа технологија за управување со отпад. Целокупниот економски потенцијал сега ќе биде во служба на граѓаните. Претворањето на Дрисла во современа депонија ќе послужи како пример како треба да ги градиме и регионалните депонии против кои граѓаните реагираат стравувајќи за здравјето. Сега ќе покажеме како може да се обработува отпадот еколошки исправно и како може да се користи за производство на енергија, како што тоа го прават земјите од модерниот свет“, изјави Васко Лазаревски, советник во Советот на Град Скопје од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух