Непознати лица околу полноќ фрлиле Молотов коктел врз возило на косовската полиција, што се наоѓало на паркингот на полициската станица во Звечан, на север на Косово.
Регионалниот портпарол на косовската полициска служба Бесим Хоти за Танјуг изјави дека во инцидентот нема оштетувања, нити повредени.
Хоти додаде дека полицијата го регистрирала случајот како предизвикување општа опасност и почнала истрага.
За сега не се знаат мотивите, ниту сторителите на овој чин, наведе Хоти.