Промоција на македонските винарии на саем за вино во Германија

Од:

Девет винарии од Република Македонија учествуваат на саемот за вино Провајн во Дизелдорф, Германија.

Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Езимит, Дудин и Попова Кула на македонскиот национален штанд ги презентираат своите вина пред дистибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет.

Провајн, што се одржува од 24 до 26 овој месец, е водечки меѓународен саем за вино и алкохолни пијалоци во Европа каде своите вина ги промовираат 50 вински земји во светот. Секоја година манифестацијата ја посетуваат 37.000 луѓе од целиот свет.

Учеството на македонските визби го организира здружението „Вина од Македонија“ кое продолжува со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари.

Би можело да ве интересира

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино