Кинескиот град Вухан во сообраќајна изолација заради коронавирусот

Од:

Во кинескиот деветмилионски град Вухан, во кој беше регистриран првиот случај на новиот тип на коронавирус, ќе бидат затворените сите сообраќајни и транспортни мрежи, а на граѓаните им е советувано да не го напуштаат градот, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Во прекин е автобускиот, подземниот, траектниот и меѓуградскиот сообраќај, а аеродромот и железничката станица ќе бидат затворени за сите патници во заминување од утре, 23 јануари, во 10 часот по локално време.

Властите ги замолиле граѓаните да не го напуштаат градот без некаква посебна потреба, пренесуваат британските медиуми.

Бројот на жртви од новиот коронавирус во Кина од денеска е пораснат на 17 лица, додека бројот на заболени порасна на 544, соопштија денеска здравствените власти.

Вирусот од Вухан досега се прошири и на други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макао и Хонг Конг, а потврдени случаи има и во САД, Тајван, Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски