А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Победивме во првиот круг во најмалку 25 општини

by А1он25/03/2013 - 00:3725/03/2013 - 00:42137
Share0

Премиерот Никола Груевски вечерва во обраќањето кажа дека ВМРО-ДПМНЕ победила во најмалку 25 општини во прв круг, и дека води во 32 општини. Според него, СДСМ води во шест општини, и во сите нив ќе се оди во втор круг, при што ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од победа.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова што денеска се случи после 4 и пол години на тешка европска должничка криза покажува дека и покрај сите потешкотии граѓаните познаа дека ВМРО е политчка партија која многу работи и има чесен однос кон граѓаните. Сакам да подвлечам дека ова денеска што се случи е голема одговорност за нас, и укажува дека граѓаните препознаваат дека оваа политичка гарнитура е далеку поквалитетна од таа на СДСМ. Ветените проекти таму каде што победивме мора да ги завршиме, зашто за 4 години мора повторно да излеземе на избори и сакаме да ги погледнеме со чист образ со крената глава и во очи со завршени дела, рече Груевски.

Овие избори се и порака за таму каде што го добивме мнозинството дека се препознава дека успеавме да создадеме повеќе од СДСМ, дека сме изградиле повеќе дела, дека треба да продолжиме посилно од ова, но и порака за таму каде имаме послаб резултат дека нешто сме погрешиле и да си ги препознаеме сопствените грешки, да извлечеме порака од тоа, изјави Груевски.

На овие денешни избори покажавме дека во политиката кога станува збор за висок национален интерес може да се здружиме и со ривалите, тоа е позитивниот преседан кој може да го извлечеме и да биде поука за слични ситуации. Независно каков ќе биде исходот, без разлика на сето тоа, и Кичево и Струга се и ќе остаат Република Македонија и нераскинлив дел ќе останат без разлика на различни етно националистички соништа и илузии. Со голема енергија и посветеност, ќе се насочиме кон обезбедување на сигурна перспектива на нашите граѓани во тие општини, посочи Груевски.

Следете a1on на Youtube YouTube
izbori

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 19:2111/09/2026 - 19:24

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 17:31

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:2511/09/2026 - 14:26

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Горан Наумовски11/09/2026 - 12:31

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он07/09/2026 - 09:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео