(ВИДЕО) Бакрачески: Сега живеете во слободен Охрид!

Од:

Конечно го ослободивме Охрид, беа првите зборови на Никола Бакрачески, откако ВМРО-ДПМНЕ најави дека уште во првиот изборен круг победи во Охрид. Стотина граѓани откако почнаа да слават пред седиштето на изборниот штаб, во колони се упатија пред зградата на општината, а прославата потоа продолжи на градскиот плоштад, каде победата што ја најави ДПМНЕ беше прославена и со огномет. Меѓу присутните во Охрид вечерва беше и Мартин Протуѓер.

„Првото ветување кое што го дадов, а тоа беше дека Бакрачески никогаш во својот живот не дживеал пораз се реализира. Сакам да се заблагодарам на човекот кој не знае да губи избори и кој победува 7 години и кој секоја администрација па и онаа на Барак Обама сака да го има, а тоа е Мартин Протуѓер“, рече Бакрачески.

Тој рече дека изминатиов период за време на изборната кампања неговото семејство било изложено на најбрутални навреди од страна на неговите политички опоненти.

„Сите му беа криви на човекот кој ја играше највалканта кампања во историјата на Охрид, а кој во исто време критикуваше други луѓе дека играле така. Охрид заслужува поинаква иднина и сега можам да кажам дека живеете во слободен Охрид“, рече Бакрачески.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски