Во 8 избирачки места во општина Кисела Вода снемало струја во 19 часот, дознава Плусинфо.
Информацијата сè уште не успеавме да ја потврдиме и официјално иако побаравме одговор.
Како што дознаваме, струја снемало во основното училиште „Круме Кепески“, во Месната заедница и во Домот за слепи.
На овие места во моментов владее голема нервоза.
Дознаваме и дека во општина Ѓорче Петров снемало струја на некои избирачки места.