Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 4-та седница го донесе „Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 г.)“, со акционен план, со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.
Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето на доброто.
Со предложените мерки ќе се зајакне институционалниот капацитет за одржливо управување на заштитетното светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.