БМВ 1 (BMW 1), Киа ХСид (Kia XCeed), Мазда 3 (Mazda 3), Опел Корса (Opel Corsa), ШангЈонг Корандо (SsangYong Korando) и Тојота РАВ 4 (Toyota RAV4), се годинашните финалиси за избор на автомобил за 2020 во Северна Македонија.
Прогласувањето на победникот ќе биде во средината на февруари 2020 година.
Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија го прославува 25-годишниот јубилеј.
Победникот традиционално ќе ја добие наградата „стилизирана маска на ладилник“ – авторско дело на Валентин Ширилов, која во сите досегашни избори ја добиваше победникот, а изработено токму за националниот избор на автомобил на годината во земјава.
Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието „СУВ автомобил на годината“, како и признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија – „Томислав Биљарац“.