До Хелсиншки комитет стасале пријави за закани, агитирање и поткуп

Од:

Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска од повеќе граѓани добила известувања за поткупи, закани и агитирање, кои се само дел од нерегуларностите за кои денеска јавноста беше известена.

Жители на општина Зелениково се пожалиле дека во текот на вчерашниот ден, за време на изборниот молк, биле уценувани и им бил нуден поткуп од страна на командант на полициска станица во Драчево и припадници на единицата Алфи.

– Им било укажувано за која партија треба да гласаат, биле корумпирани со вреќи брашно и биле предупредени дека во текот на изборниот ден ќе бидат следени за да се види дали ќе гласаат за партијата за која им било кажано – изјави Уранија Пировска од Хелсиншки комитет за човекови права.

Сличен случај имало и во Богданци, каде членови на политичка партија им нуделе на граѓаните компјутери и дрва за огрев за да го добијат нивниот глас. Исто така биле регистрирани случаи кога дел од граѓаните не можеле да гласаат, бидејќи некој веќе тоа го строил во нивно име, како и случаи на агитирање пред гласачките места.

– Од општина Неготино од една партија добивме укажување дека на избирачко место директори на јавни и комунални претпријатија, кои играле улога на контролори на изборниот процес, ги пречекувале граѓаните и им кажувале за која партија да гласаат – вели Пировска.

Претставка до Хелсиншкиот комитет достави и претставникот на невладиониот сектор Роберто Беличанец. Тврди дека бил нападнат од партиски активисти кога го фотографирал изборниот штаб, кој како што вели, бил на 15-ина метри од училиштето Блаже Конески, во кое се одвива гласање.

Денеска до 16.30 часот до канцеларијата на Народниот правобранител пристигнале 55 поплаки од граѓани. Најголем дел од нив се пожалиле дека нивните имиња ги нема во избирачкиот список, а имало и случаи кога членовите на избирачките одбори гласно ги читале имињата на граѓаните кои го остварувале правото на глас.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов