ВМРО-ДПМНЕ: Изборите фер и демократски, забележани значително мал број нарушувања

Од:

Денешните избори за градоначалници и советници поминаа во фер и демократска атмосфера, а забележани се значително помал број нерегуларности во однос на последните парламентарни избори во 2011 година, оценија вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.

– Овие избори беа проследени од огромен број набљудувачи, како домашни така и странски, повеќе од 8.000 набљудувачи. Не беа забележани нарушувања на постапките при изведување на гласањето, но и овој дел кој што беше забележан е значително помал по број на избирачки места, односно избирачки единици каде има забележано неправилности во споредба со последните парламентарни избори, изјави директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски по затворањето на избирачките места.

Тој повика општинските изборни комисии, Државната изборна комисија и сите надлежни институции во секој од случаите кој што оваа вечер или утре ќе биде евидентиран или докажан како нерегуларен, да ги проверат постапките и да донесат заклучок.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ