Министрите како набљудувачи на изборите и гласањето

Од:

Речиси половина влада денеска беше во Струга и струшко. Во средините во кои живеат Албанци денеска беа повеќе министри од редовите на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Во Велешта денеска беше министерот за земјоделие, Љупчо Димовски. Во селото Радолишта беа министрите за странски инвестиции Веле Самак и министерот за надворешни работи Никола Поповски.

Поранешната пратеничка од ВМРО- ДПМНЕ, Караџова беше исто така во селото Радолишта.

Министерот за земјоделие Димовски дури бил и набљудувач во селото Велешта на што реагирале и странските амбасади. Амбасадорот на Албанија во Македонија попладнево исто така беше во обикола на Струга и струшко во неколку избирачки места, а имаше средба и со претседателот на ОИК во Струга Џенгис Хани. За аланскиот амбасадор несфатливо е министри да бидат набљудувачи.

„Јас ја изразувам мојата загриженост за министерот Димовски бидејки не е дозволено да седи таму каде што се и другите набљудувачи“ ја пренесуваат изјавата на Чејку албанските медиуми во Македонија.

Чејку се сретна и со министерот за надворешни работи Поповски. Исто така обиколка на Струга направи и амбасадорот на Косово во Македонија

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар