Заврши гласањето

Од:

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат на денешните петти локални избори по осамостојувањето. По затворањето на гласачките места можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Граѓаните избираа градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје и тоа меѓу 350 кандидати за градоначалници и 480 листи за советници. На 2.976 гласачки места правото на глас можеа да го остварат 1.743.403 избирачи.

Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот до 17 часот беше 57,57 отсто односно на гласање излегле 1.001.753 граѓани.

Денешните избори, како што оцени ДИК, беа мирни, фер и демократски.

Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори го доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. ДИК првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Петтите локални избори по независноста на Македонија ги следеа 8.379 домашни и 410 странски набљудувачи.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ