Албанскиот премиер Еди Рама, во својство на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа,ОБСЕ, денеска ја почна својата прва посета тоа на Киев, Украина.
Рама својата посета на Украина ја најави претходно, а денеска објави видео на кое се гледа како неговиот тим пеш, среде снежно време се движи во Киев. До него е и овластениот министерот за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.
Премиерот Рама, покрај другото, во Киев ќе оствари средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со премиерот Алексиј Гончарук, со шефот на дипломатијата Пристаико и со спикерот на укранскиот парламент Разумков.
„Киев, Украина: Ден на средби со високи државни претставници во својство на вршител на должноста претседател на ОБСЕ – Во Министерството за надворешни работи, со министерот Вадим Пристаико“, напиша Рама на Фејсбук.
Рама при преземањето на претседавањето со ОБСЕ најави посета и на Русија.