МЦМС: Изборите мирни и со висок одѕив

Од:

Изборниот процес поминува главно во мирна атмосфера, без инциденти и со висок одѕив на гласачите, покажуваат податоците што Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги добил од своите набљудувачи за текот на гласањето до 12 часот.

Четиристотините набљудувачи се распоредени на 112 избирачки места во 16 општини, кои како што соопштуваат од МЦМС, се избрани заради поширок јавен интерес за нив, но и забележани нерегуларности во претходни изборни циклуси.

– Забележени се неколку неправилности од различен вид, како 17 случаи на семејно гласање, девет обиди за гласање за друг, седум случаи на некористење на спрејот и 16 случаи на пристрасно однесување на членови на избирачките одбори.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Институтот за демократија (ИДСЦС), го спроведува проектот „Мојот избор“, за следење на локалните избори 2013 година. Целта на проектот е да се придонесе за фер и демократски избори, преку поддршка на професионалната и транспарентна работа на изборните органи, зајакнато професионално и етичко известување за изборите во медиумите и промоција на конструктивен демократски дискурс за време на кампањата и самиот изборен ден.

Општините во кои МЦМС имал набљудувачи се Центар, Карпош, Аеродром, Шуто Оризари, Куманово, Велес, Штип, Прилеп, Струмица, Битола, Кичево, Охрид, Струга, Гостивар, Тетово и градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ