Контроверзниот италијански фудбалер и член на Бреша, Марио Балотели беше исклучен по само седум минути од влегувањето во игра на денешниот натпревар со Каљари во 20. коло од Серија А.
Ова е 13ти црвен картон за „Супер Марио“ во неговата кариера.
Во 81та минута, 29-годишниот Балотели доби жолт картон за фаул над еден противнички играч, протестираше кај судијата, по што доби и втор жолт, што автоматски значеше црвен картон.
Балотели е еден од двајцата играчи од најдобрите пет лиги во Европа, заедно со Гемерсон од Монако, кои се исклучувани во секоја од последните четири сезони.