Најмалку 75 луѓе се повредени во судирите на полицијата и демонтрантите во центарот на Бејрут, кажа претставник на либанскиот Црвен крст.
Претходно силите за борба со нередите употребија водени топови и гранати со солзавец против агресивните демонстранти во подрачјето Плас Етуал, каде се наоѓа претседателската палата.
Демонстрантите се обидоа да се пробијат на плоштадот, за да побараат да се распушти законодавната власт.
#Lebanon ??: chaotic night in #Beirut, security forces fire tear gas at protesters and burn down tents after stopping a protest march towards parliament.#لبنان__ينتفض pic.twitter.com/Y490b3P9nP
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) January 18, 2020
Активистите ја гаѓаа полицијата со камења, петарди, боци со запалива смеса и со остри предмети. Има повредени, но уапсени и голем број демонстранти.
Либанскиот претседател Мишел Аун ја повика војската да воведе ред во центарот на Бејрут и да ја обезбеди сигурноста на граѓаните.
Веќе се префрлаат кон центарот единици на војската со цел да не се навлезе во владините згради, банките и продавниците.
Новиот бран протести во Бејрут почна во вторникот, по што лидерите на демонстрантите објавија кампања ма граѓанска непослушност за да се направи притисок во владините кругови.