Претседателот на Демократска обнова на Македонија, Лилјана Поповска очекува мирни и демократски избори.
– Денов е убав, гледам дека има одлична излезност. За ДОМ очекуваме поддршка од сите оние граѓани кои сметаат дека зелената опција и треба на Македонија, рече Поповска откако гласаше на избирачко место во ОУ „Војдан Чернодрински“.