Битолчанец обвинет за семејно насилство врз сопругата

Од:

Основното јавно обвинителство – Битола поднесе обвинителен предлог против едно лице за продолжени кривични дела „загрозување на сигурноста и неизвршување судска одлука, како и телесна повреда“.

– Лицето на возраст од 31 година е обвинето дека во периодот од 18 октомври до 1 декември 2019 година, во осум наврати, при вршење семејно насилство и со закани, ја загрозил сигурноста на оштетената – негова сопруга, информираат од Обвинителството.

Оттаму велат дека обвинетиот продолжил да ја пресретнува и да и се заканува на оштетената иако со правосилното решение на Основниот суд Битола од 20 ноември 2019 година му биле изречени привремени мерки на заштита и тоа: забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство кон оштетената, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира, контактира и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метра до работното место на оштетената.

– На 28 ноември минатата година, ја пресретнал оштетената и го одзел мобилниот телефон, ја удрил со шлаканици и клоци и започнал да ја трга за раката. Оштетената паднала на земја и се здобила со телесна повреда – набиеници во пределот на лицето, левата рака и телото. Ценејќи ги сите околности во предметот, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Битола поднесе и Посебен предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, велат од Основното јавно обвинителство- Битола.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Левица: Семејното насилство да се гони по службена должност – потребни се итни промени на Кривичниот законик

Горан Наумовски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец ја киднапирал и крвнички ја тепал поранешната партнерка, продолжил да ја удира и откако си ги исекла вените

Катерина Ѓуровски