Германија има рекордни 83,2 милиони граѓани

Од:

Германија, заедно со миграцијата, достигна рекордни 83,2 милиони жители минатата година, но ова е најбавниот раст од 2012 година, објави денеска Канцеларијата за статистика.

Германија има една од најстарите популации во светот, а минатата година се регистрирани повеќе смртни случаи отколку раѓања од 1972 година.

Стареењето на населението е предизвик за јавниот пензиски систем во земјата и проблем за компаниите кои сакаат да ангажираат квалификувани работници.

Нето миграцијата е проценета на 300.000 до 350.000 во 2019 година, што е намалување во однос на претходната година кога беше 400.000, соопшти Канцеларијата за статистика.

Повеќе од милион луѓе кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот исток, Африка и другите делови на светот дошле во Германија откако канцеларката Ангела Меркел ги отвори границите во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија