Изјава на претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски по гласањето на изборите

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска заедно со своето семејство го оствари правото на глас за локалните избори. Притоа тој истакна овој ден е многу значаен за Македонија и за нејзините граѓани во контекст на претстојниот извештај на Европската комисија.

– Сакам да им честитам на граѓаните на Република Македонија за вака добро и успешно спроведени избори, за нивната зрелост за овој судбоносен би рекол значаен момент за Македонија.  Како што беше добро спроведена изборната кампања и денешниот ден, очекувам, се надевам и убеден сум во тоа дека ќе помине во мирна, фер и демократска атмосфера. На тој начин на новите градоначалници и советници ќе им дадеме дополнителна задача она што го ветиле и да го исполнат во нивниот мандат четиригодишен, изјави претседателот на Собранието.

Секако што е многу значајно за Македонија во овој момент, истакна Вељаноски, е со таква добро спроведена изборна кампања и изборен ден даваме белег за пролетниот извештај и секако за она што е многу значајно за Македонија и за нејзините граѓани е да добиеме датум за отпочнување на преговорите. – Секако е многу значаен овој ден во таа смисла и се надевам дека во тој дел ја исполнивме задачата, рече тој.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“