ВМРО-ДПМНЕ: Заев е срам за Македонија

Од:

„Зоран Заев е срам за Македонија. Јавноста слушна како го валкал достоинството на Република Македонија многу пред да го потпише капитулантскиот преспански договор. Тој уште во 2014 година го пцуел името на државата.

Тоа само покажува дека овој човек нема апсолутно никаква почит кон националните и државните интереси. Неговата зацртана цел била да дојде и да се дограби до гола власт и истата да ја искористи за лично богатење и богатење на фирмите блиски до неговиот клан“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да биде уште потрагично тој го поганел името Македонија во 2014 година, а во време на кампањата за парламентарните избори во 2016 година се колнеше во своите деца, во своите предци дека нема да го промени името. Тој споменуваше некаква негова македонска жица, па ветуваше дека нема да го менува уставот и уставното име, за да на крај без срам и перде го направи тоа за кое што од 2014 година мечтаел, да промени име на држава за да краде. Тоа само покажува дека овој човек безочно лаже. Ги лажел и своите сопартијци, но го лажел и сопствениот народ. Го пцуел името Македонија.

Заев е човек со образ ѓон.

Не само што си ги менува ставовите, туку и лаже со цел да се добере или да остане на власт. Секоја негова изјава треба да се земе со огромна доза на резерва, бидејќи таа може да крие некоја подла и зла намера. Јавноста веќе го прочита и знае каков човек е Заев. На изборите на 12 април ќе биде казнет од граѓаните“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава