Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, соопшти Националниот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил во јужната држава Оаксаки, во близина на Салина Круз.
Земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, но нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.