Исламски екстремисти ослободија тројца хуманитарни работници и други цивили во североисточна Нигерија, кои ги држеа како заложници од крајот на декември, соопшти денеска координаторот на ОН за хуманитарни прашња во таа држава.
Тие беа киднапирани на 22 декември минатата година.
Ги киднапираа исламски екстремисти кои, облечени во воени униформи, запреле конвој на возила што се движеле кон Маџугури, главниот град на државата Борно, на североистокот на земјата.