А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Според СЗО повеќе од 3 илјади граѓани на Македонија годишно умираат поради аерозагадувањето

by А1он16/01/2020 - 09:34179
Share0

„МВР преку Интерпол треба да распише меѓународна потрага по Јани Макрадули. Постои сериозен сомнеж дека заменик министерот за животна средина на СДСМ ја напуштил земјава и заминал на локација каде што ќе може да ги наполни белите дробови со воздух без канцерогени честички.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тоа што го прави Јани Макрадули и најголемиот дел од функционерите на СДСМ е луксуз кој што не може да си го дозволат огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија. Тие секојдневно ги полнат болниците како последица на лагите и неодговорниот однос на Заев, Макрадули и СДСМ кон проблемот со загадувањето“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според податоците на Светската здравствена организација повеќе од 3 илјади граѓани на Република Македонија годишно умираат поради аерозагадувањето. Наместо реално мерки за Малрадули и СДСМ виновни се мерните инструменти. Макрадули и СДСМ се пбидуваат да ги излжат граѓаните дека мерните инструменти се виновни што Скопје и Њу Делхи се меѓу најзагадените градови во светот, а Калкута дека би била помалку загадена од Виена или Цирих ало инструментите би биле во ред.

Болниците се преполни со оние кои ја плаќаат цената за неспособноста на власта граѓаните, хронично болните, старите и изнемоштени лица, деца кои поради загадувањето на воздухот имаат проблеми со здравјето.

Следете a1on на Youtube YouTube

Изминаа три години во кои од година во година се зголемуваше државниот буџет, години во кои Владата на Зоран Заев не понуди никакво решение за проблемот со загадениот воздух, напротив од година во година квалитетот на воздухот е се полош и полош.

Годинава СДСМ процени дека е поприоритетно да се набавуваат покер апарати отколку тие 6,5 милиони евра да се вложат во еколошки проекти.

Скопје редовно се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот, а на листата се приклучија и повеќе поголеми градови ширум државата.

Граѓаните се гневни на власта, а казната за нејзината неспосбност и дрскост следува на 12 април. На граѓаните на Република Македонија повеќе не им се потребни изговори, туку работа и посветеност, решение за нивните проблеми меѓу кои еден од најгорливите е токму проблемот со аерозагадувањето. Она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ, она што го нуди „Обновата за Македонија“ е токму она кое што граѓаните го бараат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео